Мигранти од Либија пронајдени во камион во Тетово

пред 3 години

Oколу 09.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека околу 08.30 часот во товарно возило – влекач со полуприколка, со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал и во кругот на Царинскиот терминал во Тетово го паркирал З.Д.(50) од Гевгелија, се наоѓаат мигранти.

На местото веднаш излегле полициски службеници од СВР Тетово и во возилото биле затекнати пет лица од Либија: Р.Б.(23), М.А.(22), Ј.Ш.(22), О.М.(22) и О.Б.(16), кои со себе немале никакви документи за идентификација. Петмината мигранти биле приведени во Полициската станица Тетово и ќе бидат предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка, сооопшти полицијата.

Scroll to Top