Демократскиот сојуз распишува јавен повик за кандидати за градоначалници

пред 3 години

Претседателството на Демократскиот сојуз одлучило да објави јавен повик за кандидати за градоначалници и носители на советнички листи за градот Скопје и општините во Македонија, беше соопштено денеска на партиската прес-конференција.

„Како демократска партија сакаме да мотивираме кандидати за градоначалници и советници кои не се партиски определени, но се докажани професионалци, кандидати со менаџерски способности, а пред се со висок морален интегритет, отпорни на коруптивни влијанија, почитувани во средината каде што работат и ги познаваат потребите на граѓаните во општината“, нагласуваат од партијата.

Кандидатите за градоначалници ќе треба да подготват изборна програма (2021-2025) во која ќе бидат опфатени локалните проблеми – инфраструктурни, економски, образовни, здравствени, културни, спортски… и да предложат проекти и мерки за нивна реализација.

„Програмата треба да биде резултат на проучување и анализа на состојбите и да биде изработена во соработка со граѓаните, компаниите, невладиниот сектор и експертите. Таа треба да биде подготвена до август 2021 година. Кандидатите за градоначалници треба да ги прифатат основните идејни и програмски определби на Демократскиот сојуз, како и да соработуваат со носителот на советничката листа и останатите кандидати за советници и да ги поддржуваат во изборната кампања“, истакнуваат од партијата.

Scroll to Top