Кривична пријава за кавадарчанец за дивоградба

пред 4 години

Одделението за внатрешни работи Кавадарци поднесе кривична пријава против З.Ј.(46) од Кавадарци осомничен за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Од МВР денеска информираа дека во периодот од 2016 до 2018 година, тој изградил викенд куќа во место викано „Катуниште“, атар на кавадаречкото село Моклиште, без да поседува одобрение за градење на објектот од надлежен орган.

Scroll to Top