Доделени 20 стипендии за студенти од македонската заедница во Албанија

пред 3 години

За студиската 2020/2021 година доделени се вкупно 20 стипендии на студенти од Република Албанија, кои се со македонско потекло, а се однесуваат на студирање на високообразовните институции во земјава, информираат од Министерството за образование.

Програмите за соработка и за стипендирањето на студентите од македонската заедница во Албанија за студирање во нашата држава, беа тема на која денеска се осврнаа министерката за образование и наука Мила Царовска во рамки на нејзината посета на Албанија и пратеникот и претставник на македонската заедница Васил Стерјовски.

Двајцата за време на состанокот, разговараа за унапредувањето и интензивирање на веќе воспоставената соработка во областа на образованието на сите нивоа помеѓу двете земји.

Scroll to Top