Притвор за дилер од Албанија, бил фатен со дрога во Струга

пред 4 години

Судот определи 30 дневен притвор за државјанин на Република Албанија поради неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

При претрес извршен во петокот, во близина на магистралниот пат, во правец од Ќафасан кон Струга, во торбица кај осомничениот биле пронајдени 14.875,05 грама марихуана, која тој ја држел неовластено заради продажба.

Јавниот обвинител по донесување на Наредбата за спроведување на истражна постапка , до Основниот суд Струга достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Scroll to Top