Дражавниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“

пред 3 години

Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска денеска информираше дека е лансирана платформата „Пријави загадување во два чекори“, со која граѓаните може да пријават загадување до ДИЖС преку нивните социјални мрежи, електронски адреси или на веб-страницата на Инспекторатот што, како што посочи, значително го олеснува процесот на брзо добивање и евидентирање пријави и навремено реагирање од страна на инспекторите. – Пријавувањето е едноставно, со испраќање порака преку фејсбук страницата на ДИЖС, мејл адресата [email protected] , веб-страница www.sei.gov.mk , и преку полето „Пријави“ не е-мапата на загадувачи www.mapanazagaduvaci.mk . Во пријавите граѓаните треба накратко да го опишат проблемот кој го пријавуваат, да ја наведат локацијата каде забележале загадување, доколку можат да испратат фотографија и видео и да остават нивни податоци, за да можат инспекторите да ги исконтактираат, појасни Петровска. Директорката на ДИЖС потенцираше дека со платформата, пријавите да стигнуваат на едно место, ќе бидат поефикасно распоредени до надлежните инспектори, полесно ќе се следат случаите на загадување и подобро ќе се координираат инспекторите при извршување на задачите, како и при одговор на граѓаните кои поднеле пријава дали и како постапиле по пријавите. Петровска истакна дека со цел да бидат поефикасни при решавањето на случаите, треба граѓаните да им даваат повеќе инструкции, наведувајќи дека со платоформата имаат можност директно да комуницираат со граѓаните. – Платформата за пријавување за загадување треба да ја подобри соработката на ДИЖС со граѓаните, да овозможи подобра координација при инспекцискиот надзор на државно и локално ниво и да обезбеди поголем увид во работењето на инспекторите на терен, изјави Петровска. Платформата е изработена во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбисти сѐ“, која е финансирана од Британската амбасада во Скопје. Текстот Дражавниот инспекторат за животна средина ја лансираше платформата „Пријави загадување во два чекори“ е превземен од А1он .

Scroll to Top