Државниот инспекторат за животна средина цел на хакерски напад

пред 3 години

Околу 12 часот на полноќ, на 18 кон 19 јануари 2021 година, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина, информираат од Инспекторатот.

– Според првичните информации, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата на Инспекторатот. Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно, соопштува Државниот инспекторат за животна средина.

Scroll to Top