Жена од Бугарија со нож им се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и неговите родители

пред 3 години

На 16.03.2021 во 22.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево ја лишиле од слобода Б.Д.В.(44) од Република Бугарија, со привремено живеалиште во Делчево.

Жената претходно со остар предмет им се заканувала на нејзиниот невенчан сопруг и на неговите родители.

Лицето било задржано во Полициската станица Делчево за понатамошна постапка.

Scroll to Top