Жител на гостиварско кршел во болница и нападнал медицинска сестра откако починала мајка му

пред 3 години

51-годишен жител на гостиварското село Сенокосе вчера предизвикал инцидент во болницата во Гостивар – откако кусо по приемот починала неговата мајка, тој почнал да крши низ Интерното одделение, а притоа и физички нападнал медицинска сестра, соопшти полицијата.

„На 08.03.2021 околу 15.00 часот во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош била примена И.Р.(78) од гостиварско Сенокосе, која за кратко време починала на Интерното одделение. Според пријавеното, набргу потоа, нејзиниот син Б.Р.(51) физички нападнал вработена во ова одделение, а оштетил и дел од инвентарот,“ велат од МВР.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во полициското соопштение.

Scroll to Top