Медицинска сестра нападната од доктор во амбулантата на Гинекологија

пред 3 години

Медицинска сестра од Скопје пријавила во полициска станица дека била нападната од доктор на своето работно место по претходна расправија, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 06.03.2021 во 07.00 часот во СВР Скопје, С.С.(29) од Скопје пријавила дека околу 05.45 часот во амбулантата на Гинекологија на Комплекс клиники„ Мајка Тереза“ додека била на своето работно место како медицинска сестра по претходна расправија била физички нападната од Т.М.(33) од Охрид, вработен како доктор, соопштува МВР.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по чл.12 од ЗППЈРМ.

Scroll to Top