Забраната за движење ја прекршиле 62 лица, 482 санкции за неносење маска

пред 3 години

Од 20 часот на 6 април до 05 часот на 7 април 2021 констатирано е дека 62 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на државата, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 482 прекршоци, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

Scroll to Top