36 прекршувања на полицискиот час и 434 казни за неносење маска

пред 3 години

36 лица не ја почитувале забраната за движење во перидот од 20.00 часот синоќа до 05.00 часот утрово информираат од Министерството за внарешни работи.

Дополнително од МВР соопштуваат дека во изминатите 24 часа 434 лица биле саннкционирани за неносење маска.

„Од 20.00 часот (09.04.2021) до 05.00 часот (10.04.2021) констатирано е дека 36 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (09/10.04.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци“ – стои во соопштението од МВР.

Scroll to Top