Малолетник прегазил пешак во Скопје и избегал

пред 4 години

Седумнаесетгодишник со автомобил прегазил пешак во Скопје кој починал на самото место.

Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со улицата „Втора македонска бригада“ во Скопје, кога автомобил „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 17–годишник од Скопје, удрил во пешакот, 38-годишниот С.С. од Скопје.

Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот избегал, но набргу потоа бил пронајден.

Scroll to Top