Заев: Да ги почитуваме мерките, да им помогнеме на здравствените работници

пред 4 години

Премиерот Зоран Заев вечерва на својот фејсбук-профил апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од корона-вирусот и на таков начин да им помогнат на здравствените работници.

Здравствените работници секојдневно несебично се борат да ги заштитат граѓаните од КОВИД-19 и спасуваат човечки животи. Она што најмалку можеме да го направиме, е да им помогнеме преку почитување на мерките за заштита од коронавирусот – да носиме маска, да држиме два метри растојание, да не се групираме и редовно да ги миеме рацете . #НосамМаска бидејќи ги почитувам здравствените работници!, напиша премиерот Зоран Заев на фејбук.

 

&;

Scroll to Top