Заев: Негирам било какви лоши намери за набавката на кинески вакцини преку приватна фирма

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев објаснува дека посегнале по фирмата посредник за набавка на вакцините од Кина, за тие побрзо да стигнат во Македонија.

„Значи апсолутно негирам било какви лоши намери или незаконско дејствување. Во овој период пробуваме да набавиме вакцина по сите можни вакцини“, вели Заев.

Тој објаснува дека на ваквиот чекор се одлучиле откако чекале две недели за вакцините од Кина, па се обиделе да ги набават вакцините преку приватна компанија која кинеското Министерство за надворешно работи не ја одобрило.

Scroll to Top