Запечатена кафеана во Чаир, приведени 15 лица

пред 3 години

Полициски службеници од СВР Скопје вчера вечер привеле 15 лица, кои биле затекнати како гости во локал кој работел по дозволеното време, информира Министерството за внатрешни работи.

– На 30.04.2021 во 21.20 часот на подрачјето на Бит Пазар од страна на полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода 15 лица, меѓу кои и еден малолетник, сите од скопско, бидејќи биле затекнати како гости при извршена контрола од страна на инспектори од Државен пазарен инспекторат, во содејство со полициски службеници во угостителски објект на улицата „Џон Кенеди“, кој работел после пропишаното работно време, соопштува МВР.

Од страна на ДПИ објектот е запечатен со пломба и затворен, а против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик.

Scroll to Top