Петмина приведени поради полноќна дружба во кафеана во Дебар

пред 3 години

На полноќ, врз основа на претходно добиени сознанија, полициски службеници од Полициската станица Дебар извршиле контрола во угостителски објект на местото викано „Пијанец“ во Дебар, при што на една од масите биле затекнати пет лица од Дебар.

Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен разговор, а во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Scroll to Top