Засилени сообраќајни контроли во Куманово, 172 санкционирани возачи

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 172 санкции во рамки на спроведената засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово.

Како што информираат од МВР, 28 санкции се за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), други 28 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се 26 мотоциклисти, изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top