87 нови приеми во Скопје, 1720 лице се лекуваат во ковид центрите во земјава

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 87 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 686 лица се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1720.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 45 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 20 примени пациенти и 11 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле не биле примени нови болни, а 2 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 316 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти. На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на ковид 19 вирусот, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 11 болни.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1034 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 99 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 82 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 52 пациенти, во Велес се лекуваат 89 болни, а во Куманово 173 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 127 во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 14 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 87 пациенти, во Кочани 36 во Кичево 23, Кавадарци 79, а во Гевгелија 21 лице.

Scroll to Top