610 пациенти се лекуваат во ковид центрите во Скопје и низ земјава

пред 3 години

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 320 пациенти. Вкупната бројка на пациенти кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 610.во ковид центрите има околу 580 празни болнички кревети.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 26 пациенти. Во болницата во Штип е хоспитализиран 35 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 24 болен, а во Куманово 48 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 24, во ковид центарот во Гостивар 16, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 22 пациенти, во Кочани 4 во Кичево 12, Кавадарци 20, во Гевгелија 3 лица, а во Дебар 13.

Scroll to Top