За една недела казнети 242 возачи за непрописно паркирање во Центар

пред 3 години

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 242 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 23.11. до 29.11. со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 121 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 121 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Scroll to Top