174 казни за непрописно паркирање во општина Центар

пред 3 години

За седум дена казнети 174 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот во општина Центар, информираат од општината.

Според извештајот од таму, во периодот од 22.02. до 28.02.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети биле 90 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

Од општина Центар и Јавното птретпријатие паркинзи, напоменуваат дека мерката ќе ја спроведуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Scroll to Top