За непрописно престигнување изречени 110 санкции

пред 3 години

На територијата на целата држава санкционирани се 110 возачи за непрописно престигнување во текот на вчерашниот ден, во рамки на акциската контрола за санкционирање на непрописното престигнување.

Од МВР информираат дека овој прекршок е меѓу најчестите причини за сообраќајни незгоди со тешки последици.

Санкционирани се и 252 други прекршоци, соопштија денеска од МВР и најавија дека се продолжува со засилените контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top