На територијата на цела држава 140 санкции за непрописно престигнување

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 140 возачи.

Како што соопшти денеска МВР, од нив, 59 на територијата на СВР Тетово, а 20 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР, и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Scroll to Top