Изгоре автомобил што се запалил во движење на патот Тетово-Јажинце

пред 4 години

Кола во која избил пожар во моторот додека се движела по регионалниот пат Тетово-Јажинце, целосно изгоре вечерва кај селото Одри, а во пожарот никој не е повреден, информираат од тетовската противпожарна единица.

-Нема повредени меѓу патниците и меѓу пожарникарите. Ние бевме со едно возило и четворица пожарникари. Во овој случај беше добро што успеавме да го локализираме огнот и на тој начин не се прошири. Далечината од над 20 километри беше најголема пречка за евентуална побрза интервенција. Затоа е потребно она што апелираме во руралните општини да има барем противпожарни единици за брза и почетна интервенција, информира Ука Алити, командант на тетовските пожарникари.

Според Алити, огнот го зафатил возилото околу 18 часот и 30 минути, кога добиле пријава по телефон.

Scroll to Top