504 санкции за брзо возење на територијата на цела држава

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден министертвото за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 504 возачи.

Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Од МВР највуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Scroll to Top