Интензивирање на вакцинацијата против Ковид-19 по празничниот период

пред 3 години

Кинеските вакцини во Македонија ќе пристигнат утре. Меѓу 5.000 и 7.000 вакцини на „Фајзер“ ќе пристигнуваат секој понеделник во мај, односно вкупно 26.000 ова е најавата која неколкупати деновиве ја повтори министерот за здравство Венко Fилип;е. Тој вчера изјави и дека се очекува информација за вакцини и од Ковакс-системот.

Во меѓувреме Србија пристигнаа дополнителни 13.000 вакцини „Спутник В“. По велигденските празници е најавено интензивирање на процесот на имунизација. Покрај во Скопје, поголеми регионални центри за вакцинација се подготвени во уште неколку поголеми градови.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се нови 447 случаи со Ковид-19, 30 починати, 620 оздравени пациенти. На инфективните оддели во државава се лекуваат 1334 пациенти со Ковид-19, од кои 566 се во Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 151.569, бројот на оздравени пациенти е 131.530, на починати е 4.772, а на активни случаи изнесува 15.267 од кои 6883 се во Скопје.

На веб страницата vakcinacija.mk е објавено дека досега вакцина против Ковид-19 примиле 55 926 граѓани, а за вакцинација се пријавени 207 332 граѓани.

Scroll to Top