Испратено барањето за екстрадиција на Игор Спасов

пред 3 години

Министерството за правда информира дека Северна Македонија и официјално побарала екстрадиција на Игор Спасов.

– Во текот на вчерашниот ден, по комплетирањето на документацијата, барањето е испратено до бугарските власти кои понатаму ќе постапуваат по истото, соопштува Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција го потпишал министерот за правда Бојан Маричиќ.

Scroll to Top