Казнети над 30 лица кои користеле флешери за да поминат на патарина без да платат

пред 3 години

Полицијата во соработка со Државниот инспекторат за транспорт за два дена санкционирала 32 лица кои незаконски користеле „флешери“ со цел да избегнат плаќање на патарина.

Овие казни биле изречени на 31 јануари и 1 февруари.

Од МВР информираат дека и во текот на вчерашниот ден бил казнет 20-годишник, со иницијали Ш.С., кој со возило со тетовски регистерски таблички незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино. Ш.С. во службениот разговор го признал делото а флешерите се демонтирани.

Полицијата најави дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Scroll to Top