Казнет тетовец кој користел „флешери“ за да не плати патарина

пред 3 години

Полицијата во Тетово синоќа во 21 часот го казнила дваесетгодишниот Ш.С., кој со возило „ауди“ со тетовски регистерски таблички, незаконски, со употреба на т.н. „флешери“ и хорна поминал без да плати патарина на наплатната станица Желино, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што информираат од МВР, Ш.С. во службениот разговор го признал делото, а т.н. „флешери“ се демонтирани.

Од МВР дополнуваат дека во соработка со Државниот инспекторат за транспорт на 31-ви јануари и 1-ви февруари санкционирале 32 лица за незаконско користење на т.н. „флешери“ со цел да се избегне плаќањето патарина, а ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Scroll to Top