Казнети 33 возачи за брзо возење на територија на Крива Паланка

пред 3 години

Триесет и три возачи се санкционирани поради брзо возење на подрачјето на Крива Паланка во денешната акциска контрола на полициските службеници од СВР Куманово.

Од сообраќај се исклучени и пет возила поради други прекршоци, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.

Scroll to Top