Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците кои го пронашле

пред 4 години

Во вечерните часови на 20. октомври на скопската улица „Ѓорче Петров“ автомобил „ауди“, управуван од А.А.(26) од село Кондово, не застанал на даден знак и удрил во полициски службеник, кој преземал службени дејства.

По преземени мерки од полицијата А.А. бил пронајден.

Според пријавеното, потоа повеќе лица физички нападнале полициски службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Scroll to Top