Костовски: Лицата кои се под истрага за Еуростандард банка да се идентификуваат со име и презиме

пред 3 години

Еден од сопствениците на пропаднатата Еуростандард банка, Трифун Костовски, во реакцијата по повод поведувањето истрага против четири одговорни лица за перење пари и предизвикување стечај, вели дека е редно тие да бидат идентификувани со име и презиме, а го повтори и својот став дека во истрагата мора да бидат вклучени и лица надвор од банката.

Еве ја во целост реакцијата на Костовски:

„По повод наредбата на Јавното Обвинителство за истрага на четири одговорни лица во стечајот на Еуростандард Банка изјавувам: Лицата против кои ќе биде поведена истражната постапка не се обзнанети, а по мене би било ред да бидат идентификувани со име и презиме. По шестмесечен молк од страна на Јавното Обвинителство, излегува во јавноста со наредба за истрага во самата Еуростандард Банка. Моите сознанија говорат дека ова е изнуден чин на Јавното Обвинителство да се појави во јавноста после толку многубројни мои апели. Повторувам, во целата истрага мора да се вклучат и лица надвор од
банката,“ напиша Костовски, кој за утре најави колумна со која „јавноста ќе биде подлабоко запознаена со сите игри околу стечајот на Еуростандард банка“.

Scroll to Top