Кривична пријава за измамници за кражба на возило

пред 3 години

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(18) и Н.А.(29) од селото Патишка река, општина Сопиште, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.  На 07.09.2020, К.З.(50) од с.Доброште, Тетовско, на интернет страница објавил оглас за продажба на неговото возило „фолксваген тигуан“, а веќе наредниот ден му се јавил М.А. и се договориле да се сретнат за да го види возилото.

Истиот ден М.А. и Н.А. дошле во Тетово и се договориле за купопродажба на возилото и направиле нотарски договор. Во моментот кога Н.А. отишол во банка да ја уплати договорената сума, М.А. искористил згодна прилика и избегал со возилото.

Scroll to Top