Кривична пријава за смртни закани и повици за насилство на „Фејсбук“

пред 3 години

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишно момче од Зрновци, Кочанско, за смртни закани и повици за насилство што ги објавил на „Фејсбук“.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска Д.Ѓ.(26) од село Зрновци, Кочанско бил повикан на разговор во полиција.

Тој вчера на „Фејсбук“ споделил објава со повик за насилство и смртни закани. Одземен е мобилниот телефон на Д.Ѓ. и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против Д.Ѓ. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Scroll to Top