Кривична пријава за сопственик на угостителски објект поради непочитување на работното време

пред 3 години

Угостителски објект во кочанското село Грдовци не го почитувал работното време, при што синоќа по 22 часот, полицијата затекнала гости присутни во локалот.

„ Во угостителскиот објект во с. Грдовци, кочанско полициски службеници од ОВР Кочани затекнале неколку гости, односно било констатирано дека сопственикот не ги почитувал мерките донесени од Владата за спречување на ширење на Ковид-19, односно не го почитувал работното време.

По насоки од ЈО Кочани и по целосно документирање на случајот против одговорното лице ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 206 од Кривичниот законик ,„непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Scroll to Top