Угостителски објект во Струга затворен поради непочитување на работното време

пред 3 години

Поради непочитување на работното време утврдено согласно Ковид мерките, затворен е угостителски објект во Струга, иинформира МВР.

Во соопштението се наведува дека државниот инспекторат заедно со службеници од полициската станица во Струга во текот на вчерашниот ден констаирале дека угостителски објект во село Калишта, сопственост на А.Р. (36), работи надвор од дозволеното работно време.

Од МВР велат дека во објектот биле затекнати три лица, а било и констатирано дека не поседуваат соодветна документација за работа.

– Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен во период од 30 дена, а ќе биде поднесен и соодветен поднесок, се додава во соопштението на МВР.

Scroll to Top