МВР добило барање од австриската полиција за убиениот напаѓач со македонско потекло

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи добило барање од австриската полиција за случајот со убиениот напаѓач во синоќешниот терористички напад во Виена за кој медиумите објавија дека е Албанец со потекло од Северна Македонија.

Во терористичкиот напад беа убиени четворица цивили, а 17 се повредени.

„Австриската полиција преку „Европол“ достави барање за соработка и инфромации околу овој случај и од страна на Секторот за меѓународна полициска соработка веднаш се постапува“, велат од МВР.

По објавите во австриските медиуми и министерот за внатрешни работи на Австриа Карл Нехамер потврди дека убиениот напаѓач во Виена има потекло од Македонија и големо криминално досие.

Scroll to Top