Милановиќ: Бугарија поставува невозможни услови, навлегува во интимниот простор на Македонците

пред 3 години

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој учествуваше на денешниот самит на процесот Брдо-Бриони, заедно со словенечкиот претседател и шефовите на државите од Западен Балкан, вели дека Словенија и Хрватска имаат начини како да му помогнат на регионот да се приклучи кон Европската унија.

Милановиќ рече дека на состанокот не се зборувало во детали за темата на Северна Македонија, но го даде своето мислење за блокадата која Бугарија ѝ ја постави на земјава во процесот на приклучување кон ЕУ.

„Се работи за невозможни услови кои им ги поставуваат за преговори со ЕУ, а се однесуваат на содржината во историските учебници во Северна Македонија. Тоа што ѝ го прави една земја-членка на ЕУ на Северна Македонија е навлегување во интимниот простор, каде се бара од една земја-кандидатка во учебниците по историја да ја дефинира својата национална генеза онака како што бара една соседна држава. Тоа е навлегување во интимниот простор, а такво нешто не се прави“, изјави Милановиќ по состанокот.

Scroll to Top