Милошоски: Заев и Димитров во август 2017 потпишаа лош договор со Бугарија

пред 4 години

„Заев и Димитров, за да се одржат на власт, во август 2017-та потпишаа лош договор со Бугарија и затоа денес Македонија е попонижена од кога било“, напиша на Фејсбук, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.Според него, граѓаните ни се поподелени и позагрижени од кога било, а поларизацијата во општеството и на политички, и на медиумски, и на социјален план ги достигнува нависоките пикови.

„Проблемите со соседите ни стануваат се побројни, задираат во идентитетот на Македонците и нивните човекови права, ветеното ЕУ членство од страна на Заев се разобличува како предизборна манипулација и станува се понедостижна цел. Заради изјавите на Заев сите политичари и дипломати во регионот не’ земаат на потсмев, а и во македонското општество Заев станува фактор на недоверба меѓу поголемиот број граѓани. Владиниот тим нема капацитет да понуди излез од оваа политичка и економска криза и да изгради широк политички и национален консензус за нова стратегија за стабилен напредок и функционални институции“, вели Милошоски.

Според него, во вакви услови, кои се дополнително обремените со несоодветното менаџирање на КОВИД-19 пандемијата, едно од можните решенија е оваа Влада да поднесе оставка , а по сериозни консултации во Собранието и јавноста, да се формира експертска влада составена од стручни луѓе во секоја област , која би добила широка општествена доверба и поддршка за спроведување на план за излез од актуелната криза.

Scroll to Top