Минатата недела сакнционирани 215 непрописно паркирани возила во Скопје

пред 4 години

Во текот на изминатата недела отстранети се вкупно 215 возила од јавните површини во Скопје. Скопје, 17 септември 2020 (МИА) –  Во текот на изминатата недела  отстранети се вкупно 215 возила од јавните површини во Скопје. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 28 возила се отстранети од зонските паркиралишта, а останатите 187 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице. Контролите на зонски паркиралишта во истиот период санкционираа вкупно 343 возила, нерегуларно паркирани, односно неплатена паркинг услуга. Од нив 28 возила се отстранети со пајак служба поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето. Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат  на означените паркиралишта. ки/сп/

Извор: mia.mk

Scroll to Top