За 14 дена санкционирани 220 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар

пред 3 години

ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција во изминатите две недели санкционираа 220 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-Во периодот од 28.12. 2020 до 10.01.2021 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 123 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 97 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од Општина Центар.

Најавуваат дека ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Scroll to Top