Изминатата недела подигнати 168 непрописно паркирани возила во Скопје

пред 3 години

Изминатата недела, со „пајак“ се отстранети 168 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 29 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 139 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци како паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, информираат од Град Скопје.

Оттаму дополнуваат дека контролорите на зонските паркиралишта, во истиот период, санкционирале вкупно 365 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 29 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и JP „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

Scroll to Top