Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. преку статус на својот фејсбук профил, побара оставка од министерот Венко Филипче и премиерот Зоран Заев.
„Баталете ги дневно политичките мешетарења Заев и Филипче, луѓе ви умираат затоа што нема слободни кревети.
Излезете надвор од стаклената кутија што самите ја создавате, излезете надвор и чујте го плачот на народот. Прекинете со парадерските прес конференции и решавајте проблеми“, пишува Мицкоски.
„Денес во државата дневно повеќе луѓе умираат во споредба со Втората светска војна. За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес со оваа неспособна власт бројката е 30 до 40 луѓе дневно.
Па имате ли совест, знаете ли што и правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат“, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.