При ископ пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна

пред 3 години

На ул.„11 Октомври“ во Куманово, вчера при ископ на земја со работна машина – багер, била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.

Scroll to Top