Мицкоски до Ромео: Поради неспобноста на власта, Република Македонија нема никаков напредок

пред 4 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски имаше средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео. На средба разговараа за актуелната политичка состојба во државата, како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија. Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од Ковид-19, државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не презема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните, како и на бизнис-секторот. Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата важи само за некои луѓе. Имено, тој укажа дека власта дели тендери на лица блиски до власта, за тоа никој не одговара, а народот осиромашува. „ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја изнесат Република акедонија на прав пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската Унија“, истакна Мицкоски. Претседателот Мицкоки му се заблагодари на италијанскиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top