Мицкоски до Тимоние: Владата без конкретни мерки и проекти и во новиот мандат

пред 4 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со Игор Николов, остварија средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. На средбата разговараа за актуелната политичка состојба во државата, како и за тоа кои се приоритетите на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија.

„Претседателот Мицкоски посочи дека поради пандемијата предизивикана од Ковид-19 државата е во тешка економска и здравствена состојба, а старо-новата влада не презема никакви конкретни мерки со цел да им се помогне на граѓаните, како и на бизнис-секторот. Во текот на средбата Мицкоски потенцираше дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво и правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата. Имено, тој укажа на фактот дека власта дели тендери на лица блиски до нив и за тоа никој не одговара, додека народот од ден во ден сè повеќе се осиромашува“, соопшти партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија има јасни и конкретни политики кои ќе ја насочат Република Македонија на вистинскиот пат, како и ќе имаат влијание на патот кон Европската Унија“, истакна Мицкоски.

Тој му се заблагодари на францускиот амбасадор за средбата и се надева дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму во иднина кои ќе придонесат за доброто на целата држава. Исто така, ВМРО-ДПМНЕ искажува благодарност за залагањето на Тимоние, неговото вистинско пријателство кон македонската држава и за сета помош која ја доби државата од неговото делување.

Извор: makfax.com.mk

Scroll to Top