Мицкоски на средба со Дуџак: На Македонија и е потребна побрза испорака на вакцини од „КОВАКС“ механизмот

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски остварија средба со Росана Дуџак, резидентен координатор на Обединети нации во Република Македонија.

На средбата станало збор и за актуелните предизвици на земјава на патот кон Европската Унија, како и економската и здравствена криза, известуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека, Мицкоски ја нагласил потребата од зголемена проактивна улога на Македонија во мултилатералното дејствување.

Двајцата соговорници се осврнале и на предизвиците поврзани со пандемијата од Ковид-19, при што Мицкоски истакнал дека е крајно разочаран од слабата реализација на Владата во справувањето со корона кризата и обезбедувањето на навремен почеток на масовна вакцинација.

„Поради неспособноста на власта да обезбеди навреме вакцини против Ковид-19, Македонија е последна не само во регионот туку и пошироко со започнување на масовна имунизација“, рече Мицкоски.

Тој исто така додаде дека на Македонија и е потребна поголема и побрза испорака на вакцини од „КОВАКС“ механизмот.

Според соопштението, Мицкоски и Дуџак разговарале и за состојбите поврзани со Охридското езеро.

За ова како што известуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски потврдил дека неговата партија е подготвена за нудење на конкретни решенија за очигледните проблеми, но дека изостанува вистинска волја како кај локалната така и централната власт.

Scroll to Top