Мицкоски: Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сложно го донесоа законот за легализација на дивоградби

пред 3 години

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека не се сложува со констатацијата дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ сложно го донеле законот за легализација на дивоградби. Тврди дека ова законско решение бил дел од пактото за кој се преговараше на средбата меѓу него и Зоран Заев.

„Не би рекол дека опозицијата и власта сложно го донесоа, тоа беше закон за кој што разговаравме со Зоран Заев уште на онаа тет-а-тет средба, тоа беше еден од оние закони за кои што опозицијата беше обвинета од власта дека го кочи така што не ги се согласил со ова ваше би рекол провокативно тврдење дека сложно го донесоа. Јас се чудам навистина таму има неколку естрадни политичари во парламентот кои што потоа кренаа голема галама еве во овој стил еве дека опозицијата и власта тоа го донесоа и се чудам зошто тие естрадни политичари не поднесоа неколку илјадници амандмани да го блокираат овој закон ако не се сложуваат има и таква можност пратеникот во парламентот преку филибастеринг да блокира определени законски решенија ако види дека неговото право да го аргументира со амандмани и да интервенира му е ускратено. Така што јас навистина ги одбивам би рекол тие квалификации“ потенцираше Мицкоски.

Мицкоски во врска со информацијата дека претседателот Пендаровски не го потпишал законот за легализација на дивоградби рече дека право на претседателот е тоа да не го стори тоа но дека во минатото ставил потписи на многу поштетни закони како за економијата така за граѓаните и за националните интереси.

„Право на претседателот е да не потпише закон тој го искористил своето право јас немам што тука да коментирам можеби треба него да го прашате зошто се одлучил за тој чекор да не го потпише овој закон кој што дошол кај него а потпишаа во минатото многу, многу поштетни закони и за економијата и за граѓаните но и за националните интереси, така што ве упатувам еве да го прашате претседателот Пендаровски што го мотивирало да се одлучи на овој чекор“ – рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски дополни дека законот за легализација на дивоградби според уставната траекторија секако ќе дојде назад во парламентот и ги повика сите политичари од парламентот да го искористат своето право за блокирање за законот и да не се кријат зад дневно политиканство токму кога државата е руинирана на секој план од штетните политики за Заев.

Scroll to Top