Муцунски: Ќе гласаме за мерките од петтиот пакет, нудиме неколку термини за седницата

пред 3 години

Сакам примарно да ја информирам јавноста дека Претседателот на Собранието и мнозинството по секоја цена синоќа не дозволуваа да се оддржи седница за петтиот пакет економски мерки. Седницата упорно не ја отвараа, точките упорно не ги ставаа на дневен ред. Во овој момент нема побитен закон и поголем приоритет од економските мерки. Затоа е апсолутно нејасно зошто синоќа се правеше се за да не се отвори таква Седница рече на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМЕН, Тимчо Муцунски.

„Срамно е Собранието да не покаже капацитет да ги решава проблемите. Собранието не смее да биде вакво. Собранието не смее да има ваков однос спрема граѓаните и компаниите. Собранието не смее да остане заглавено во дневната политика на штета на граѓаните и компаниите кои сеуште ја чекаат насушно потребната економска помош. Ние како пратеничка група нудиме решение. Седница за економските мерки денес во 17.00 часот; во сабота во 12.00 часот; во недела во 12.00 часот; Седница во било кој друг термин кој ќе ги задоволи желбите на Претседателот на Собранието. На таа седница ќе биде присутна Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Мнозинството нека обезбеди само 20 пратеници, не мора повеќе, и мерките ќе се донесат“ – вели Муцунски.

Тој потсети дека пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ бараше оваа помош да биде неповратна, а истовремено да биде изгласана ваква помош покрај за февруари и март, и за април и мај. Целта, меѓу другото, е како што вели компаниите и граѓаните во исчекување да не бидат повторно ставени во исчекување. .

Scroll to Top